Денеска група од 50 граѓани на Република Македонија предводена од Здружението “ДИВАН” отпатува за Сребреница по повод одбележувањето на геноцидот на над 8 илјади Бошњаци од Босна и Херцеговина извршен во поширокот регион на овој град.
Групата на граѓани од земјата е во мешан етнички состав, возраст и од различни региони. Главната порака која што ќе биде испратена со овој гест е никаде и никому да не му се случи тоа што му случи на народот во Сребреница, која според најголемиот број граѓани во земјата ја претставува совеста на светот.
„Со овој чин на 11 јули граѓаните на Република Македонија ќе им оддадат почит на жртвите, и ова година втор пат во поголем број директно ќе присуствуваат на комеморацијата во Меморијалниот Центар во Поточари, каде годинава ќе бидат погребани остатоците на телата на вкупно 127 жртви на геноцидот. На овој начин упатуваме порака дека сме против секој вид на злосторство и дека никогаш, никаде и никому да не му се случи тоа што им се случи на Бошњаците во Сребреница, а само мирот и соработката водат кон просперитет на сите народи и држави“ – истакна Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ, Претседател на Здружението „Диван“.
Генерален покровител на патувањето во Сребреница е компанијата Канет Агро и Општина Петровец.