Француската кошаркарска репрезентација се пласира на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако победи на квалификацискиот турнир што се играше во Манила на Филипините.
Попладнево во финалето Франција предводена од Тони Паркер ја совлада Канада со 83:74.
Французите во првата четвртина постигнаа 30 поени, наспроти 25 на Канада, а најнеефикасно се играше во вториот период, кој заврши 11:9 за канадската репрезентација. Во второто полувреме резултатот го контролираше Франција и по 17:15 во третиот и 27:23 во последниот период обезбеди учество на олимпискиот турнир.
Паркер со 24 поени беше најзаслужниот за триумфот на Франција.
Преку квалификациски турнири во Торино, односно Белград, синоќа пласман на ЛОИ во Рио обезбедија и Хрватска и Србија.