Без руски атлетичари на Олимпските игри во Рио

Од:

Русија нема да има свои претставници во атлетика на Олимпијадата во Рио, откако Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) ги отфрли сите барања на руските атлетичари за преиспитување на одлуката за нивна суспензија.

Според соопштението на Олимпискиот комитет на Русија, можно е само Дарија Клишина да се појави во дициплината скок во далечина, но како неутрална натпреварувачка.

Евгениј Трофимов, тренерот на Јелена Исинбаева, шампионката во скок со стап најави жалба до судот во Лозана.

– Ќе се жалиме до Судот за спортска арбитража во Лозана за да ги браниме правата на нашите атлетичари. Нашите адвокати се подготвени за спорот, изјави Трофимов.

Меѓународната атлетска федерација во ноември минатата година ги суспендираше сите руски атлетичари поради наводен системски допинг спонзориран од страна на државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он