Демократски сојуз: Колапс на политиките на Владата

Од:

Неразумното трошење на народните пари преку изградба на споменици, дуплирање на администрацијата, мегаломанските инфраструктурни проекти, организираниот криминал и блокадата на евроинтеграциските процеси, ја доведоа Македонија до економски и финансиски колапс.

Задолжувањето на државата со издавање на еврообврзница од 650 милиони евра и дополнително за 350 милиони евра преку каматата за следните 10 години е своевиден грабеж на граѓаните.

Ова одлука на Владата е без претходни анализи и пошироки консултации и е одраз на ароганцијата и автократско владеење.

Граѓаните не се согласуваат и понатаму да бидат задолжувани за да продолжи хаосот и грабежот.

Затоа бараме во Парламентот да се отвори расправа за вкупните задолжувања и да се блокира реализацијата на еврообврзницата.

Сите други коментари можеме да ги сумираме во една реченица “Кучињата лаат, а карванот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оди”.

Демократскиот сојуз предлага брзи избори за да се случат промени и одговорност за лошите политики, деценискиот грабеж и иселувањето на над 600 илјади Македонци.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски