Наумов: Груевски својот политички крaj реши да го живее во духот на сицилијанските филмови

Од:

Одлуката да се издаде еврообврзница на износ од 650 милиони евра е финансиско злосторство врз граѓаните, економијата и идните генерации, рече на прес конференција, Кире Наумов, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.

Само на меѓународните пазари, Никола Груевски има намера да ги задолжи граѓаните за нови 1 милијарда и 420 милиони евра!

Со најавеното издавање на еврообврзница на износ од 650 милиони евра, јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54% од БДП.

Тоа се 5 милијарди евра на грбот на идните генерации.

Криминалната власт ги крати капиталните инвестиции под изговор дека бил предизборен период, а задолжувањата неколкукратно ги зголема во изборна година.

Јасно е дека Миновски е избран да биде камиказата и да стави потпис на ова незаконско, криминално задолжување.

Одлуката за Еврообврзница е криминална во мометот на изгласување бидејќи ребалансот со кој се планира зголемување на сумата на странски задолжувања не беше ни предложен до Собранието.

Ниту со се уште неизгласаниот ребаланс на Буџетот не се предвидени 650 милиони евра задолжување од странски извори.

Со ставањето потпис на издавањето на еврообврзницата Миноски ќе биде директниот извршител на ова финансиско злосторство. За ова, Миновски и сите инволвирани, ќе понесат кривична одговорност согласно законите, по промената на власта.

Ги известуваме Сити Банк, Дојче Банк, Ерсте Банк и Сосиете Женерал, како агенти за издавањето на најавената еврообврзница дека согласно Законот за Влада, се уште на сила се законски норми како и при издвањето на четвртата еврообврзница.

Доколку не биде испочитувана истата правна процедура, како при издавањето на таа еврообврзница, тогаш по промената на власта ќе го оспориме ова задолжување како законски јавен долг.

Посочуваме дека постои истрага за изборна измама и изборен фалсификат што го спровело злосторничко здружување, во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извесно, оваа Влада нема легалитет да носи вакви одлуки со коишто ја задолжува државата и идните генерации.

За ова јавно ги информираме сега, за во блиска иднина никој да нема право пред потенцијалните инвеститори да каже дека не бил информиран.

Јасно е, Никола Груевски својот политички крај и буквално реши да го живее во духот на сицијанските филмови на штета на граѓаните.

Но, треба да знае дека и најголемите криминалци на крајот одговараат заради финансиски злодела.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Николовски нема ниту еден нов започнат проект во првите 100 дена Влада

Предраг Петровиќ

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски