Најголемата хрватска хидроелектрана Закучац на реката Цетрина кај Омиш, е вон погон од утрово и најверојатно и во следните седум дена, јавија хрватски медиуми. Таа хидроелектрана во електроенергетскиот систем на државата испорачува третина од вкупната хидроенергија.
Според неофицијални информации на локални меидуми, штетата допрва треба да се пресмета, но извесно е дека ќе биде исклучително висока.
Оштетувањето е санирано, но испумпувањето вода ќе трае долго. Властите соопштија дека ќе биде обезбедена доволна количина енегрија со засилена работа на домашни извори, а дел ќе биде обезбеден од увоз.