Кошарка У-16: Македонија загуби од Русија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи до 16 години синоќа загуби од соодветната репрезентација на Русија со 89:67.
 
Русите доминираа во првото полувреме кое го решија во своја корист со 21 поен разлика (53:32), доволно за рутинирано второ полувреме и убедлив триумф на крајот.
 
На другиот натпревар од трунирот што се одржува во СРЦ „Кале“ во Скопје, Турција беше поуспешна од Бугарија со 82:58.
 
Денеска први програмата ја отвораат Русија и Бугарија со нивниот меѓусебен дуел од 18 часот, а потоа, од 20:30 часот играат Македонија и Турција.
 
Меѓународниот турнир во салата на Вардар под Кале за МКФ е генерална проба пред организацијата на Европското првенство дивизија Б кое од 29 јули до 8 август ќе се одржи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ