На падините на планината Алброз, северно од иранскиот главен град Техеран, изградена е необична куќа која е замислена како обид за истакнување на поврзаноста меѓу луѓето и природните пејзажи.
Куќата е изградена на начин кој ќе овозможи панорамски поглед кон околните врвови и долини, а во исто време ќе обезбеди почитување на темелните принципи на градежништвото.
При изградбата архитектите воделе сметка објектот да заземе што помала површина од працелата на кој се наоѓа, а во исто време да се добие поголем простор за дизјанирање на погледот кон неговото опкружување.
За таа цел куќата е обмислена како структура составена од три правоаголни кутии поставени под агол една врз друга. На овој начин секој од катовите на куќата има различна ориентација во просторот, а таванот на долниот кат е искористен за изградба на интересна тераса на катот над него.
Карактеристично за градбата е што на помалата страна од секој кат-квадар има прозорци од подот до таванот, од кои, поради различната поставеност на катовите, се пружа различен поглед кон околината.
Катовите меѓусебе се поврзани со спирални скали изработени од дрво, кои минуваат низ кружните отвори на таваните, односно подовите, со што се обезбедува природна интеракција меѓу деловите на целината.
Орентираноста кон природата е видлива и во ентериерот на куќата во кој доминира дрвото со кои се обложени подовите, како и дел од ѕидовите.