Кошаркарите на Хрватска успеаја да се пласираат во финалето на Олимпискиот квалификациски турнир што се игра во Торино, откако во полуфиналето ја победија Грција со 66:61.
Тие за пласман на Олимписките игри во Рио утре ќе играат со победникот од дуелот меѓу Италија и Мексико (почеток 21 часот).
Хрватска до победата дојде благодарение на добриот почеток кога и направија висока предност, но малку недостасуваше Грција да направи пресврт. Најефикасен на дуелот беше Бојан Богдановиќ со 20 поени.
На турнирот што се игра во Белград во првото полуфинале Порторико ја победи Летонија со 77:70, додека утре во финалето ќе играат против победникот од натпреварот Србија – Чешка.
На третиот турнир во Манила денеска е слободен ден, а утре ќе играат: Канада – Нов Зеланд и Канада – Турција.