Оваа прекрасна честерфилд фотелја, е дело на дизајнерот Џорџ Басон.
Нејзиното седиште и наслонот се пресвлечени со кожа, додека телото е во форма на череп и е креирано од зајакната пластика. Фотелјата може да биде прилагодена на текстил и боја по посебни барања од купувачите. Како истакнато дело на францускиот уметник, оваа совршена стилска Skull фотелја е креирана од посебен фиберглас и окружена со меко кожно седиште со висок квалитет.
„Уште од детството сакав да го споделам својот свет, да го покажам тоа што го мислам, тоа што го сакам, го работам и тоа што сум. На 19 години успешно дипломирав графички дизајн, а потоа ја креирав својата прва работа и создадов свои приоритети. Денес, на 32 години повеќе не сум само дизајнер, туку полека почнувам да се чувствувам како занаетчија и уметник, на кој не му треба помош да ги дизајнира и креира своите проекти. Сите мои производи лично ги направив во својата работилница која е сместена во Париз‟ – објасни Басон.