Шекеринска во Париз на настани посветени на актуелните предизвици со кои се соочува ЕУ

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на повеќе настани кои Партијата на европски социјалисти и француската Социјалистичка партија ги организираат во Париз, посветени на актуелните предизвици со кои се соочува ЕУ.

Денеска Шекеринска ќе учествува на состанок на социјалистички и социјалдемократски европски партии на којшто ќе се усвои новата Агенда за Европа на ПЕС 2016-2019. Целта на новата Агенда на ПЕС е да понуди патоказ за промени во ЕУ по Брегзит.

Утре заменик претседателката Шекеринска ќе биде една од говорниците на конференцијата посветена на бегалската криза. Конференцијата ќе ја отворат лидерите на ПЕС, претставници од владеачката француска Социјалистичка партија и на Социјал-демократската група во Европскиот Парламент, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Париз: Голем пожар зафати осумкатна зграда, 180 пожарникари го гаснат пожарот

Горан Наумовски

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

Херцог го осудува вандализмот врз еврејските институции во Париз

(ВИДЕО) Прославата во Париз се претвори во немири, уапсени повеќе од 130 лица

(ВИДЕО) Невреме во Париз, поплавени се улици и метро-станици

Горан Наумовски

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз