Брегзитот го зголеми рејтингот на Меркел

Од:

Смиреноста и присебноста на германската канцеларка Ангела Меркел по референдумот во Велика Британија и донесе поголема популарност и таа сега, според истражувањето нарачано од телевизијата РТЛ, има поддршка од 48 отсто од граѓаните на Германија за уште еден мандат на чело на германската Влада. 

Според анкетата, како што јави дописникот на МИА од Берлин, рејтингот на Меркел за една недела се зголемил за два отсто и сега има предност од 15 проценти пред вториот кандидат за канцеларската позиција, лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зигмар Габриел, кој ужива поддршка од 33 отсто од испитаниците.

Зголемување на рејтиногт на еден отсто има и Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел, која ужива поддршка од 35 проценти од гласачите, додека нејзиниот коалициски партнер СПД има пад од еден отсто и сега има 21 проценти доверба. 

Најголем пад бележи националистичката Алтернатива за Германија (АФД), чиј рејтинг постојано растеше од почетокот на бегалската криза. Сега АФД има само девет отсто поддршка, односно бележи драматичен пад од најмалку 4 проценти споредено со други анкети во земјата.

Зелените имаат рејтинг од 13 проценти, партијата Левица 10 отсто, а Слободната демократска партија (ФДП) ужива поддршка од 6 проценти. Сите други партии имаат заедничка доверба од 6 отсто.

Околу 27 проценти од граѓаните не го дале својот глас за ниту една партија или не сакале да откријат за кого би гласале.

Во друга анкета на институтот „Форса“ во врска со односите со Русија, само еден од четворица Германци или 25 проценти поддржуваат дијалог со Москва, а 63 отсто сметаат дека НАТО треба да го ограничи дијалогот со Кремљ. Сепак 34 проценти од Германците сакаат олеснување или целосно укинување (22 отсто) на санциите кон Русија.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел