(ВИДЕО) Шилегов: Насилнички однос на ВМРО-ДПМНЕ кон судската администрација

Од:

Насилничкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон судската администрација е исклучиво во одбрана на партизираното судство и интесресите на злостроничкото здружување во врвот на оваа партија.

Наместо да излезе во пресрет на оправданите барања на судската амдинистрација власта се обидува да ги казни вработените со намалување на платите за дури 60 отсто.

Не може кон вработените во Судот да се применува Законот само кога се во прашање нивните обврски а да не се применува кога се во прашање нивните права.

Зошто вака ревносно не се применува Законот во делот што се однесува на обука на судските службеници?

Зошто вака ревносно не се заложат за минимално подобрување на условите за работа?

Законот треба да се применува целосно а не селективно.

Покачувањето на платите на 35% се однесуваше само на судиите и јавните ибвинители но не и на судската администрација.

На овие луѓе не им беа покачени платите иако нормата на сработени предмети им се зголеми за над 95 отсто.

Заради ваквата селективност и насилничко однесување кон вработените во судството, судиите и јавните обвинители, целиот правосуден систем во Македонија е на најниско можно ниво.

Срушениот правосуден систем беше причина за формирање на Специјалното јавно обвинителство.

Срушениот правосуден систем е причина за формирање и на посебно одделение на Кривичниот суд.

Само независно, непристрасно и ефикасно судство може да создаде амбиент на почитување на човековите права и еднаквост на сите граѓани пред уставот, законите и институциите.

По демократските промени, по победата на СДСМ, една од целите на новата влада ќе биде обезбедување правна сигурност преку еднообразна примена на законите и подобрување на условите за работа на судската амдинистрација.

СДСМ се обврзува по промените да ги зголеми платите на судската администрација а ќе воведе и флексибилно работно време што ќе започнува од 7:30 часот.

Судството во Македонија мора и ќе биде независна трета власт. Судството нема да зависи од партиите туку ќе го штити законот, правата на граѓаните и уставниот поредок, рече на прес конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Предложените измени на Законот за судска служба се неприфатливи за Независниот синдикат на судска администрација

Протест на судската и јавнообвинителска служба, бараат поддршка од пратениците за повисоки плати

Втор обид за договор меѓу Владата и судската и обвинителската администрација

Катерина Ѓуровски

Администрацијата од обвинителствата и од судовите на преговори во Владата

Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговори

Независниот синдикат на судска администрација бара преговори со Владата за зголемување на платите