Со денешната писмена реакција Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потврди се што беше кажано на прес конференцијата на СДСМ.
Одговорните во МЗШВ и АХВ не само што се неспособни и неорганизирани, не само што кријат информации од јавноста за последиците од болеста „Јазлеста кожа“, туку тоа го кријат и од меѓународните институции.
Болеста „Јазлеста кожа“ коси и предизвикува огромни штети на сточарите, млечната и месната индустрија.
Се уште на ниту еден сточар не му се исплатени пари за одземените и убиени животни.
За барок и споменици криминалната власт има пари, ама нема пари за сточарите.
Катастрофално, неодговорно, класично криминално однесување на власта.
Јавноста, земјоделците, сточарите, се вознемирени од ширењето на болеста јазлеста кожа поради нестручност и неодговорност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во АХВ и МЗШВ.
Очигледно само најодговорните за оваа тешка состојба, министерот Цветков и директорот на АХВ воопшто не се вознемирени. Воопшто не се загрижени за она што се случува.
Министерот Цветков и директорот на АХВ Поповски мораа да заминат што побргу од овие позиции, во интерес на сточарите, земјоделците, граѓаните и односите на Македонија со меѓународните институции.
Секој треба да знае дека одговорност за огромните предизвикани штети ќе има согласно законот!