Агенцијата за туризам во Грузија ги презентира убавините на Македонија

Од:

Делегација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) од денеска до 5 јули ќе присуствува на 25-тата годишна сесија на Парламентарното Собрание (ПС) на ОБСЕ која се оддржува во Тбилиси, Грузија, информираат од Агенцијата.

Целта на посетата, како што велат, е подобра промоција на земјава пред претстојната есенска сесија на ПС на ОБСЕ, која ќе се одржи во Македонија од 29-ти септември до 2-ри октомври 2016 година

Овогодинешната сесија се оддржува под мото „25 години од парламентарната соработка: градење на доверба преку дијалог“ на која учествуваат повеќе од 300 членови на парламенти од над 50 земји низ светот.

– Пред есенската сесија на која домаќин ќе биде Собранието на Република Македонија, АППТ со своја делегација во Тбилиси правипромоција на туристичкиот потенцијал на Македонија преку презентација на македонската култура, традиција и историја, се наведува во соопштението на АППТ.

Македонската делегација во Тбилиси ќе ја промовира земјава преку запознавње на гостите со нашето вино, промотивни материјали и традиционални сувенири кои ја претставуваат нашата култура и традиција.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза