ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за нови шест месеци

Од:

Економските санкции кон Русија се продолжени за уште шест месеци, заклучно со 31 јануари, 2017 година, потврди Економскиот совет.

Санкциите ги опфаќаат нафтениот, финансискиот и одбранбениот сектор на руската економија, а прв пат беа воведени откако беше соборен авионот на Малезија Ерлајнс МХ11 во јули 2014 година. ЕУ тогаш за падот на авионот ги обвини проруските сили во Источна Украина.

Официјална Москва веднаш возврати со воведување забрана за увоз на земјоделски производи од ЕУ.

Членките на ЕУ меѓутоа се поделени околу тоа како да се стави крај на односите со Москва, при што одделни земји како Словачка порачуваат дека актуелната политика на санкции не е одржлива на подолг рок.

Сепак, литванската претседателка Далија Грибаускајте на Твитер напиша: “Се се враќа, се се плаќа. Санкциите продолжуваат додека целосно не се спроведе договорот од Минск”.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала