(ВИДЕО) Спасовски: Чавков треба веднаш да замине!

Од:

Режимот во Македонија спроведе фалсификувани, криминални студентски избори.

На најбрутален начин, со злоупотреба на полицијата беше спречено елементарното право на студетните на слободен избор.

Разулавената власт се нафрли врз студентите, ја згази автономијата на Универзитетот, ја нападна иднината на Македонија.

Одговороност за злоупотребата на специјалната полицијата против студентите мора да понесат сите инволвирани.

Митко Чавков треба веднаш да замине од позицијата министер за внатрешни работи, заедно со целата нелегитимна и незаконска Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Насилстото врз студетните е реализација на намерата на Никола Груевски да судри народ со народ.

Ова е реализација на заканите на Горге Иванов за употреба на безбедносните сили врз сопствените граѓани, врз студентите.

Затоа беа направени и шверцерски измени на Законот за МВР, за да го зацврстат недемократскиот начин на владеење и употребата на сила.

ВМРО-ДПМНЕ прави се во Македонија да не се создадат услови за решавање на политичката криза.

ВМРО-ДПМНЕ бега од слободни, фер, регуларни и демократски избори.

Протестот што е најавен за денеска од страна на студентите го поддржуваме, го сметаме за целосно оправдан и ги повикуваме граѓаните да се приклучат.

Никола Груевски лажно се надева дека може да профитира од сценарија за судир меѓу граѓаните, што тој ги предизвикува.

СДСМ, граѓаните, демократската јавност, сите оние коишто ја сакаат државата нема да ги дозволат црните сценарија на Никола Груевски.

Режимот е готов, тоне секој ден.

Или Груевски или Македонија!

Граѓаните се за Македонија, рече на прес конференција Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

Кулеба поднесе оставка

Горан Наумовски

Спасовски: СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари