(ВИДЕО) Силна полиција: Тепа и влече студентки пред СПУКМ

Од:

Единицата за брзо распоредување примени сила на студентки кои ги влечеше по земја за да ги изнесе од седиштетото на СПУКМ.

Полицијата ги обезбедуваше тие што со сила ги зедоа гласачките кутии и се заклучија со нив во седиштето на СПУКМ. Полицијата беше повикана од Студентскиот пленум, но дојде да ги заштити нелегалните избори на УКИМ и тие што учествуваа во тој процес, односно партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои и воопшто не се студенти, а примени сила кон студентки од Студентскиот пленум.

Инцидентот настана кога три од украдените гласачки кутии од Медицинскиот факултет неколкуте претставници на нелагалниот СПУКМ ги донесоа во седиштето за наводно да ги пребројуваат гласовите. Полицијата од внатре ги влечеше студентките и примени сила за да им овозможи на партиските членови да изигруваат студенти и да местат нов студентски лидер.

-Пред наши очи применија сила врз студентите! Ги влечеа по земја да ги изнесат од просторијата, а нас не буткаа со штитовите! Применија сила врз млади луѓе што ја бараа правдата! Полициската бруталност продолжува со уште поголем замав! Ова вечерва беше доказ дека режимот решил да удира уште посилно и посурово!! Тоа треба да ни биде насочувач за тоа што треба да правиме понатаму! НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР, напиша Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет.

Би можело да ве интересира

Вежба на ЕБР и „Волци“ за спасување повредени лица од тешко прооден карпест предел

A1on

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија