Студентски пленум упадна во седиштетот на СПУКМ, со цел да ги пронајде кутиите кои насилно беа грабнати од членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и однесени со трчање тука. Тие влегоа внатре и ги бараа гласачките кутии но ги нема. Се сомневаат дека се сокриени во амбулантата која е во составот на студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу“.
Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум јавно пбара од Државната изборна комисија да ги пронајде украдените 21 кутија и кажа дека нема откажување се додека не ги пронајдат кутиите.
Пред седиштето на СПУКМ, односно студентскиот дом се собира се повеќе народ, револтиран од прикажаното изборно насилство.