Во Македонија студентските избори се само убав пример каква демократија владее и како се гласа на изборите.
Како што може да се види од видеото, изборните кутии со трчање беа носени кон Здравствениот дом од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, на истиот начин како што беа изнесувани од факултетите.
Вакво однесување е за секаква осуда и критика, и никој од ваков криминален и примитивен избор не смее да биде легитимен претставник на студентите, ниту пак да има простор во медиумите.