Одобрен притвор за осомничениот за убиството во кумановско Доброшане

Од:

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово, ценејќи дека има основи, до судијата на претходна постапка поднесе Предлог за определување мерка – Притвор за осомниченото лице што вчера беше задржано во Полициската станица во Куманово.

Во исто време наредено е психијатриско вештачење на осомничениот, како и вештачење на материјалните докази пронајдени при претресот на неговиот дом.
Во текот на вчерашниот ден, во бунар, во непосредна близина на црквата „Света Мина“ во с. Доброшане, беше пронајдено тело на момче со прострелна рана на десната слепоочница.

По извршениот увид, надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатото лице, наредби за вештачење на материјалните траги што беа подигнати од местото на настанот, како и Наредба за претрес на домот во кој живеел осомничениот.

Момчето неколку дена се водеше како исчезнато.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на осомничениот Д.Д. му одреди мерка Притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението