(ВИДЕО) Поцков: Со ребалансот скратени 15 милиони евра за субвенции, власта удри по грбот на земјоделците

Од:

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ којашто самата себеси лажно се нарекуваше земјоделска Влада, повторно удри по грбот на земјоделците.

Со последниот Ребаланс на буџетот на земјоделците им се скратени субвенциите. Буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој е намален за 912 милиони денари.

Тоа се 15 милиона евра помалку пари за субвенции за земјоделците.

Тоа што со години наназад Владата на ВМРО ДПМНЕ ги лажеше земјоделците, дека се грижат за нив, сега го призна со последниот ребаланс на буџетот за кој медиумските курири молчат.

Во последните 5 години, на земјоделците им се скратени над 140 милиони евра, пари за субвенции, рече на прес конференција пратеникот Сашко Поцков.

Годинава се кратат многу пари за земјодлеците, кога коси болеста “Јазлеста кожа” и на повидок е млечна криза.

Се кратат пари за земјоделците кога раноградинарските култури се откупуваат по багателно ниски цени, кога 75% од оризот се уште е непродаден.

Се кратат пари годинава, кога земјоделската пот и мака е крајно девалвирана. Власта во заминување со последниот ребаланс им го скрати и тоа на што последно се надеваа земјоделците – субвенциите за цели 15 милиони евра.

Земјоделците треба да знаат дека се кратат пари за нив во услови кога со ребалансираниот буџет долгот на државата и на сите граѓани ќе се зголеми од 309 милиони евра на 344 милиони евра.

За граѓаните – зголемено задолжување од 36 милиони евра, а за земјоделците помалку пари за субвенции од 15 милиони евра.

Додека се кратат парите за земјоделците криминалната власт го зголемува буџетот на Министерството за внатрешни работи за 4,3 милиони евра.

Од земјоделска, станавме полициска држава!?

Земјоделците знаат, дека со години наназад оваа власт не ги исполни ветувањата кон нив, напротив секоја година одвојува помалку пари за нив.

Единствено што успеа оваа Влада, а не вети, е да го зголеми долгот на државата и салдото на приватните сметки на фамилијата.

Ете затоа земјоделците ќе ја казнат оваа власт.

Земјоделците бараат промени и промените ќе се случат на слободни и фер избори, рече тој.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје