На неколку месеци пред истекот на мандатот струшките советници добро ќе се офајдат од советничката функција.
Ако се оди според планот и ако се реализа она што советот го изгласа, советниците ќе треба да поделат 800.000 денари за престојните Новогодишни празници, додека за градот за украсување ќе бидат одвоени помалку или 600.000 денари.
Советот на општина Струга на последната седница даде зелено светло за искористување на средства во висина од 1. 400.000 илјади денари само за Новогодишниоте празници.
„Се надевам дека ќе има добро расположение“, рече градоначалникот Рамиз Мерко.
Овие средства се предвидени со ребалансот на буџетот на општината кој беше изгласан неодамна. Со ова, средствата одвоени за украување на градот се зголемени за 100% од 300.000 на 600.000 денари.
Сепак дел од струшките советници се скептични дека сето ова ќе се реализира ако се земе во предвид фактот дека на струшките советници паушали за советничката функција не им биле исплатени од месец август.