Хајба: Не треба да се чека состојбата да е алармантна за да се решава проблемот со белите пеперутки

Од:

Советничката Верица Хајба со апел до градоначалникот и директорот на Центарот за јавно здравје Охрид да преземат мерки за целосно решавање на проблемот со појавата на бели пеперутки и навремено да изготват план за дезинсекција која би се извршила наредната година, пренесува Охрид Њуз.

– Сведоци сме на наездата од бели пеперутки, а во медицинските установи пријавени се бројни случаи на алергиски реакции поради белите пеперутки, кои за жал се појавија по садењето на палмите. Апелирам до градоначалникот и директорот на Центарот за јавно здравје да не водат популистички мерки и да преземат мерки за дезинсекција на загрозените подрачја, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните, вели Хајба.

Таа потенцира дека општина Охрид треба навремено да преземе мерки со цел да се спречи повторна појава на белите пеперутки.

– Минатата година наездата беше само во централното градско подрачје, но од оваа година ги има и во другите делови од општината. Кога се работи за нашето здравје, популистичката политика треба да остане настрана и посочените лица да мислат на здравјето на сите нас кои живееме тука и на оние кои го посетуваат Охрид. Кога веќе се прави план за дезинсекција против комарци, тогаш треба општина Охрид во програмата да предвиди и дезинсекција за овој вид пеперутки, додава Хајба.

p_1

 

Фото: Охрид Њуз

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид