(ВИДЕО) Николов: Нови долгови за граѓаните, а се помалку инвестиции со ребалансот на Буџетот

Од:

Економските и фискалните политики на владата секојдевно во пракса доживуваат неуспех и се одразуваат негативно на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на македонското стопанство. Последен пример за ова нашре тврдење е ребалансот на буџетот за 2016 година кој што го оценуваме како антиекономски, антиразвоен, непатриотски и должнички. Со ребалансот за 2016 година владата ја втурнува македонската економија и граѓаните во нови долгови во износ од 345 милиони евра зголемувајќи го буџетскиот дефицит за цели 36 милиони евра или од 3.2% од БДП на 3.6% од БДП, рече пратеникот Марјанчо Николов.

„Економската логика и здравите политики налагаат кога веќе ја задолжува владата државата тие средства да ги искрористи за капитални проекти којшто би придонеле за побрз развој на македонската економија а тоа би значело и отварање на нови работни места.

Но, нашата влада очигледно е скарана со економската логика иако го зголемува долгот преку буџетскиот дефицит и намалува капиталните расходи за цели 45 милиони евра и го намалува проектираниот раст на БДП од 4 на 2.3%.

Затоа, остро се спротиставуваме на овој недомаќински ребаланс на буџетот за 2016 година.

И покрај тоа што Владата се фали дека приливот на придонеси во буџетот за 2016 година е поголем за 5.7% и дека е зголемена вработеноста за 2.5% во првото тромесечие во однос на претходната година, таа сепак префрла нови 9.2 милиони евра кон фондот за пензиско и инвалидско осигурување продлабочувајќи го и така загрижувачкиот дефицит на фондот и доведувајќи го во прашање идното сигурно и редовно исплаќање на пензиите.

Тука сакаме да го прашаме министерот за финансии, а не центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи најчесто тој одговара во име на Владата, како успеаа Буџетот за 2016 година од развоен како што го најавуваа при неговото носење сега со ребалансот да го сведат на буџет за редовно исплаќање на плати, пензии и социјални надоместоци, коишто на граѓаните им следуваат согласно Закон и законските прописи.

Сакаме да прашаме, зошто Владата ги намалува инвестициите во железничката инфраструктура за цели 23 милиони евра, а секојдневно слушаме за големите наводни успеси во областа на железницата.

Исто така, сакаме да го осудиме и да се спротиставиме и на намалувањето на средствата за сувенции на земјоделците за 13.5 милиони евра, на мерките за поттикнување на вработувањето за 7 милиони евра, за намалувањетпо за средствата за изградба и реконструцкија на основни и средни училишта во висина од 400 илјади евра, намалување на средствата за изградба на водоводи и канализации во општините, како и на намалувањето на паричните средства во министерството за здравство во развојните програми, кои се намалуваат за 4.5 милион евра, при што, најголемо намалување има кај изградбата на новите болници, амбулантите во руралните подрачја и имплементацијата на здравствената картичка што за жал граѓаните повторно ќе мора да ја плаќаат од свој џеб.

На крајот, ја повикуваме Владата, јасно и транспарентно да излезе пред македонската јавност и граѓаните и да објасни дали со зголемувањето на стапката задолжување во странство за цели 190 милиони евра при што нејзиниот вкупен износ изнесува околу 500 милиони евра се прави пат за издавање на нова еврообврзница помеѓу 300 и 500 милиони евра.

Кога веќе ги задожувате граѓаните бидете чесни, кажете им за колку и за што. Зошто ги намалувате средствата за Државната изборна комисија за цели 7 милиони евра? И на крајот, бидејќи додека го пишувавме пресот, беше донесен Законот за основање на нов универзитет Дамјан Груев, сакаме да ја прашаме Владата каде во буџетот за 2016-та година се планирани средства за работа на овој универзитет? Во законот стоеше дека универзитетот ќе почне да работи и да запишува студенти од учебната 2016-та – 2017-та година, а пари не се предвидени“, рече Николов.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје