Рој Хоџсон поднесе оставка на местото селектор на Англија, што беше и очекувано по дебаклот што го претрпе репрезентацијата по елиминацијата од исландските фудбалери.
Тој беше најплатениот селектор на Европското првенство во Франција, но сепак “падна“ под налетот на борбените Исланѓани.
-Време е некој друг да направи напредок со младите кои се гладни за успех. Ова беше фантастично патување, кажа тој при поднесувањето на оставката.
Неговите резултати во изминатите четири години на клупата на англиската репрезентација се поразувачки-нема ниту еден триумф во нокаут фазата на големите натпреварувања.
Зад него остануваат запишани само три победи во вкушно 11 натпревари во текот на четиригодишниот мандат на све Европски првенства и едно Светско првенство, а на Мундијалот 2014 беше елиминирана Англија во групната фаза.