Условувањето што Алијасата за иднината на Косово, на Рамуш Харадинај, го упати до Демократската партија на Косово, дека во владата ќе влезе само доколку го добие премиерското место, го натера актуелниот премиер и лидер на демократите, Хашим Тачи, да почне да се подготвува да стане шеф на државата.
Тоа, тој ќе се обиде да го стори преку гласање во Парламентот, како што и до сега се избираше шефот на државата, а не на непосредните избори, како што се предвидуваше со изборните и уставните реформи, кои се уште не се завршени, јави дописникот на МИА.
Ова за „Зери“ го потврдил извор на ДП. Според истиот извор, по влегувањето во коалицијата на Алијансата за иднината на Косово, Тачи за да го даде премиерското место на оваа партија, принуден е да премине во претседателката фотелја.
– Тачи во никој случај нема да се согласи претседателот на државата да се избира со новите изборни и уставни реформи, според кои, шефот на државата треба да се избира од страна на граѓаните. Тој во оваа трка ќе влезе под сопствен услов, доколку тој биде заеднички кандидат на ДП, на Демократскиот сојуз и на Алијансата за иднината на Косово, изјавил изворот.
Според истиот извор, Тачи, претседател на државата ќе стане со гласовите на пратениците а откако ќе застане на чело на држвата, ќе бидат изгласили изборните и уставните реформи.