Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја презеде контролата над Аргентинскиот фубалски сојуз (АФА), откако оваа организација остана без својот прв човек Луис Сегура, кој е обвинет за неправилно работење.
Сегура е сменет од претседателската функција на АФА поради обвинение за измама при продажба на тв првата.
ФИФА ќе помогне околу изборот на комисијата од седум членови која треба да ја стабилизира ситуацијата во која се најде АФА.
Изборот на ново раководство на оваа јужно-американска држава мора да се одржи најдоцна за една година.
Репрезентацијата на Аргентина утре по полноќ ја очекува финале во Копа Америка против Чиле.