Веселенскиот патријарх до Јован: Благодариме што останавте верен на Православието

Од:

Учеството на протераниот владика од МПЦ, Јован, на Соборот што се одржува на Крит, Грција, е интерес на грчките медиуми како и обраќањето до него од Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Медиумите посебно ги истакнуваат зборовите на вселенскиот патријарх Вартоломеј, којшто од името на сите претстоители што учествуваат на Светиот и Велик Собор, ги упати кон Јован, велејќи: „Ве ставија во затвор и истрајавте! Ви благодариме што останавте верен на Православието! Ви благодариме што останавте верен на канонскиот поредок“!

Јован, како што пренесуваат истите медиуми, имаше учество во работната сесија, која ја третираше темата – автономијата во Православната црква.

“Објаснувајќи ја положбата на канонската Православна црква во Македонија, Православната охридска аАрхиепископија, и проблемот со расколот на МПЦ, архиепископот охридски Јован го поддржа текстот за автономијата и побара во него да не се прават никакви измени, затоа што тој текст целосно точно ги третира сите прашања поврзани со автономијата на една Црква, пишуваат грчките медиуми.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите