Лидерот на партијата за независност на Велика Британија, Најџел Фараж призна денеска дека не може да се исполни едно од ветувањата врз кое ја базираше својата кампања.
Тој во емисијата “Добро утро Британија“ кажа дека државата нема да добива 350 милиони фунти неделно, иако неговата партија со месеци наназад тврдеше дека во случај на излез на Британија од ЕУ, парите ќе завршат во домашното здравство.