Десетици илјади жители на Лондон ја потпишаа денеска петицијата со која се бара метрополата да остане во Европската унија, по што градоначалникот Садик Кан изјави дека Лондон има право на глас кога станува збор за преговорите за излегување на Британија од Европската унија.
Петицијата која е насловена “За прогласување на независност на Лондон од Обединетото Кралство и приклучување на Европската унија“ се наоѓа на сајтот change.org досега ја потпишаа над 40.000 луѓе.