Општина Струмица: Пишев не знае математика

Од:

Стана повеќе од јасно дека Васил Пишев не го познава Законот за јавни набавки и фактичката состојба со чесното работење на Зоран Заев, па е приморан, одработувајќи за својата партија ВМРО – ДПМНЕ, секојдневно да ја лаже македонската јавност. Само како илустрација за лагите на Пишев нека послужат неговите обвинувања дека за релацијата Радовиш – Калуѓерица – Струмица, општината плаќала 230,оо денари по ученик.

Документите кои се во прилог, велат дека единечната цена во двата правци изнесува 71,оо денар до Радовиш и 57,оо денари до Калуѓерица. Која е математиката на Пишев, само тој си знае.

Колку Пишев да не ја познава оваа проблематика, недозволиво е еден пратеник во највисокиот законодавен дом во државата се служи со невистини.

За јавно изнесени лаги Пишев мора да одговара пред надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја