Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони оцени дека гласот на Велика Британија за излегување од Европската унија е „повик за будење“ во остатокот од блокот.
Тој истакна дека Италија, една од државите основачи на ЕУ, ќе побара по „сериозната одлука“, Брисел да не реагира на вообичаен административен начин.