Дали често за време на напорниот работен ден посакувате барем некој накратко да ви го измасира грбот.
Иноваторите имаат решение – блузон кој масира. Тој е наречен „ЕрВер“, а неговите креатори се вработени во старт-ап компанијата „Твејр“ од Сингапур.
Замислен е така што со него да управувате со мобилни апликации, се полни со УСБ полнач, а батериите траат околу три часа.
„ЕрВер“ користи уреди за воздух под притисок во блузонот кој се шири и така масира под притисок.
Дизајнер Лин Веј Лијанг вели дека овој блузон е многу практичен при помош во канцеларија за луѓе кои се принудени долго да седат. Посебно ја пофали неговата дискретна страна, бидејќи може да се носи како нормален блузон, а по потреба се вклучува масажна функција.
Компанијата работи на осигурување на патент за блузонот, а пари за негово производство собира на страната Индигоугоу. Се уште со сигурност не може да се тврди колку блузонот е ефикасен, но секако подобро звучи од ставање перници зад грбот.