Големиот избор на облека може да му штети на здравјето

Од:

Веројатно секоја жена, а и голем дел од мажите, често наутро застануваат пред плакарот со облека и помислуваат: „немам што да облечам“.

Според експертите, оваа „модна криза“ не е затоа што немате што да облечете, туку затоа што имате премногу облека, па ви е тешко да донесето одлука што да облечете.

– Кога сме оптоварени со опции, се соочуваме со „парадоксот на изборот“. Тоа не се однесува само на облеката, туку и на разни животни ситуации. Големиот број опции може да предизвикаат проблеми. Со други зборови кога ќе се соочиме со преголем број можни избори, нашите и онака приоптоварени мозоци доаѓаат под дополнителен стрес и тоа ни предизвукува дополнителна загриженост, вели психологот Џо Хемингс.

За намалување на овој непотребен дополнителен стрес Хемингс предлада прередување на плакарот и отстранување на облеката, што повеќе не сакате да ја носите.

– Ако не ви помогне ниту тоа, тогаш најдобро е изборот за тоа што ќе го облечете следното утро, да го направите претходната вечер, додава Хемингс.

Би можело да ве интересира

Шминка, долги нокти, пирсеви и искинати фармерки се забранети: Прилепска гимназија објави правилник за учениците

Орце Костов

Најдобрите пролетни парчиња во Fashion Group на намалување до -40%!

Блузон кој дискретно ќе ве масира додека работите

Емир Латифовиќ