Дауниг Стрит 10: Велика Британија сега се наоѓа на „непозната територија“

Од:

Неименуван помошник во кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека по вчерашната референдумска одлука за напуштање на ЕУ, Велика Британија сега се наоѓа на „непозната територија“.

– Ние сега сме на непозната територија. Сите се многу уморни. Не сме спиеле, изјави неименуваниот претставник, откако нецелосните резултати од референдумот покажаа дека граѓаните на Велика Британија одлучија земјата да ја напушти Европска унија.

Во меѓувреме, лидерот на Партијата за независност на Велика Британија (УКИП), Нејџел Фараж изјави дека 23 јуни ќе биде запаметен во историјата на земјата  како „ден на независноста“ и го повика премиерот Камерон да поднесе оставка.

Фараж додаде дека се осудува да сонува оти „зазорува независно Обединето Кралство“. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска