Велика Британија мора да го почне процесот на излегување од Европската унија во најкраток можен рок, се наведува во заедничкото соопштение на лидерите на ЕУ. Тие се сложија дека “британската влада мора под итно да почне со спроведување на волјата на својот народ, колку тоа и да е болно“.
Соопштението го потпишаа претседателот на Европскиот совет Доналд Таск, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и премиерот на Холандија Марк Руте, по разговорите во Брисел.