Референдумот за останување или излегување од ЕУ ќе влијае и на серијата “Game of Thrones“, една од омилените во целиот свет.
Најголем дел од сцените во серијата се снимаат во Северна Ирска, а трошоците кои се огромни и над 10 милиони по епизода, во најголем дел се покриваат со финасиската помош од Европскиот регионален центар за развој.
Доколку Британија ја напушти Европската унија, тие пари ќе секнат, а снимањето на серијата ќе биде значително отежнато.