Би Би Си: Чарлиеви ангели кои се борат со вистински криминал

Од:

Три жени станаа страв за македонските политичари и хероини на демонстрантите во малата балканска нација – некои ги нарекуваат и државните “Чарлиеви Ангели“, пишува Би Би Си.

Во шест часот секој ден, гласна гужва се слуша пред привремената канцеларија, веднаш до продавницата за бургери во центарот на Скопје. Ги има од сите возрасти, од студенти до пензионери. Некои имаат обоени лица, некои свират со свирчиња и труби. Овие демонстранти доаѓаат речиси секоја вечер, со недели, да го поддржат државното Специјално јавно обвинителство.

Таа можеби е една од најпознатите жени во државата, но до минатиот септември, многу малку луѓе имаа слушнато за Катица Јанева. Како главен обвинител во Гевгелија, нејзината работа главно се однесувала на мали кражби и криумчарења.

Но сега таа е центарот на довербата во оваа турбулентна земја. Нејзината работа е да гони злоупотреба и корупција која потекнува од огромниот скандал со прислушување.

Минатата година, главната опозициска партија во своите раце доби незаконски прислушувани разговори. Тие обвинија дека владата имала заострена контрола и прислушувала повеќе од 20.000 луѓе.

Целиот текст на Би Би Си прочитејте го тука.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски