Касапов: Сите што го браните Талески, сте исти како него!

Од:

Последните неколку дена слушаме и гледаме како советниците од ВМРО-ДПМНЕ маки мачат да го одбранат Владимир Талески од обвинението за криминал тежок 360.000 евра. Битолчани ги прашуваат овие советници, дали го бранат Талески за стадионот што го изгради, дали го бранат за Офицерскиот дом што го реновира или можеби за фонтаната пред музејот што ја руши, или го бранат за незнајно потрошени 250 милиони евра, пари на битолчани, изјави претседателот на ОО на ЛДП Битола и советник во Советот на Општина Битола, Александар Касапов.

Вие, од ВМРО-ДПМНЕ треба да разберете дека ова што ви се случува не е сон. Владимир Талески ви е реалност кој ви е камен околу вратот и ве трга надолу и Вас и Вашата партија, но пред се ја уништува Битола. И Вие тоа го дозволувате, но битолчани нема да Ви заборават. Сите Вие што го браните Талески, за битолчани сте и ќе бидете исти како него.

ЛДП бара од чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, не од оние што го бранат Талески, да им се извинат на битолчани што ВМРО-ДПМНЕ 11 години го поддржува Талески.

Владимир Талески е единствениот политичар кој во „бомбите“ се поврзуваше со направен криминал и нема поднесено оставка, а сите други го направија тоа.

ЛДП бара од Талески, човекот кој е во куќен притвор, веднаш да си поднесе оставка, со цел да го тргне срамот кој и’ го нанесе на општина Битола. Доколку Талески не поднесе оставка тогаш ние, советниците од ЛДП, на првата наредна седница ќе побараме Советот да изгласа препорака со која на
Талески ќе му се препорача да си поднесе оставка, со што Советот, како орган на општината, ќе се огради од обвинението за криминал тежок 360.000 евра.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски