Столтенберг: Приемот на Црна Гора во НАТО не зависи од Русија

Од:

Црногрското придружување кон НАТО нема никаква врска со Русија, бидејќи Црна Гора како независна земја сама го одредува својот пат, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг за време на посетата на норвешкиот Парламент.
– Основно прво на секоја независна земја е да го одбере својот пат, вклучувајќи и кон какви безбедносни договори сака да се приклучи. Значи, ова е прашње меѓу Црна Гора и 28-те членки на НАТО, рече Столтенберг.
Според подгоричките медиуми, Столтенберг нагласил дека верува оти парламентите на сите 28 членки на НАТО ќе го ратификуваат договорот за прием на Црна Гора во Алијансата, што претставува еден од последните чекори пред формално приклучување на земјата во Пактот.
Досега Протоколот за членство на Црна Гото во НАТО го ратификуваа парламентите на Исланд, Словенија, Унгарија и Словачка, а в четврток, како што е најавено, тоа ќе го стори и Албанија.
Дипломатски извори во Подгорица соопштија дека амриканскиот Конгрес ќе го ратификува Протоколот за членство на Црна Гора пред претседателските избори во САД во ноември, иако  според утврдената пракса Вашингтон последен го потвдува приемот на една земја во Алијансата, отакако тоа ќе го сторат сите остана членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски

Столтенберг: НАТО ја потврди својата посветеност за зајакнување на одбраната на Украина

Горан Наумовски