Новинарот Томислав Кежаровски е повикан на информативен разговор во полициската станица „Центар“.
Тој за ова, на својот фејсбук профил напиша:
„ПС Центар издале телеграма по мене за информативен разговор. Ќе одам денес во 18, 30 во полициската станица. Ме викаат заради „вмешаност“ во фарбање на Собранието. Со оваа пријава моето CV ќе биде комплетно.“