Заев се сретна со лидерот на ПДП

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор, Едмонд Адеми денеска се сретна со претседателот на ПДП, Фатон Алити, придружуван од претседателот на огранокот на ПДП во Тетово, Шпенд Мурати и членот Мурат Ајдини.

На состанокот се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, при што е заеднички констатирано дека граѓаните без разлика на политичката, националната или каква било друга различност се повеќе од секогаш единствени во заложбите за заедничка и просперитетна Република Македонија.

Поделбите што ги стимулира власта на Груевски не поминуваат повеќе кај граѓаните кои се жртви на сиромаштијата без разлика каде живеат или како се викаат. Затоа тие заеднички застанаа еден до друг за слобода и демократија, единство, еднаквост, достоинствен живот, сигурно здравство, квалитетно образование и ова е вредност што треба да се почитува, негува и развива.

На средбата е заклучено дека двете партии остануваат активно посветени на заложбите за фер и регуларни избори. Исто така двете партии застануваат цврсто во одбрана на правниот поредок во државата и даваат целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство.

На средбата е поздравена добрата соработка помеѓу двете партии и е изразена подготвеност за нејзино натамошно продлабочување и унапредување.

Во таа насока, во пресрет на изборите, отворени се теми за можен иден заеднички настап на двете партии.

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on