На „Ало докторе“ најмногу повици за покачен притисок, главоболки и алергии

Од:

Во изминатата недела (13-19 јуни) на телефонската линија  „Ало докторе!“ (02/15 123) имало 1380 повици за медицински совет.

Како што информира ЈЗУ Здравствен дом Скопје, од 15 септември 2014 кога почна да работи, на  телефонската линија „Ако докторе!“ имало  вкупно 98734 повици. 

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

– Достапни за медицински совет се 25 доктори. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции и симптомна болка. На сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе!“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, соопшти ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза