Судот ја ослободи од вина соработничката на поранешниот чешки премиер Петр Нечас

Од:

Окружниот суд во Прага ја ослободи Јана Нагиова Нечасова од вина во случајот на злоупотреба на Военото разузнавање, јави дописникот на МИА од Прага. 

Нагиова Нечасова, како соработничка на поранешниот премиер Петр Нечас беше обвинета за неовластено давање наредба на службеници во Военото разузнавање. Ослободени се и тројца вработени во Разузнавањето. 

Објавувањето на овој случај и уште еден за корупција, пред три години доведе до падот на владата на Нечас, кој подоцна се разведе и ожени со неговата поранешна соработничка. 

Во обвинението се наведува дека Нагиова Нечасова како шеф на кабинетот на поранешниот премиер Петр Нечас во 2012 година незаконски дала наредба за следење на тогашната сопруга на Нечас, наводно поради личен интерес за да го забрза нивниот развод. 

Јавното обвинителство најави жалба поради ослободителната пресуда соопштувајќи дека ќе побара целата постапка да биде разгледувана од друг судија. 

Вработените во Военото разузнавање се бранеа дека поранешната сопруга на премиериот била следена поради постоење безбедносни ризици.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница