Иако летото нуди многу благодети, сепак инсектите во овој период од годината претставуваат вистински проблем.Дизајнерите од „Велукс“ компанијата дизајнирале комарник кој не дозволува влез на инсекти, а истовремено овозможува слободна циркулација на свеж воздух во просториите.
Кога е комарникот спуштен, прозорецот се отвора до работ на ѕидот и внатрешната обвивка, што е сосема доволно за вентилација.
Управувањето со комарникот е едноставно и може да се премести од една во друга просторија, исто така е многу лесен за одржување бидејќи се чисти само со влажна крпа.