Анте Готовина, ослободениот хрватски генерал, после првиот ден на слобода, изјави дека во овој момент највеќе сака да оди на море и да ги рашири едрата.
На новинарите, кои го начекаа утринава, кога излезе од дома со пријателот Жељко Дилбер, држејќи ја в рака книгата на Нела Сршен „ Рак на душата“, рекол дека се уште не се привикнал на слободата.
„Чувството е чудно, но впечатоците се смируваат, треба уште време“, рекол Готовина пред заминувањето на состанок со пријателите и адвокатите.
Новинарите се интересираа дали Готовина ќе го посети Вуковар, на што одговори дека за тоа има уште време.
„Сакам, но ќе има време. Ќе отидам да се поклонам на жртвите и на моите соборци“. изјави Готовина.