А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на РЕК „Битола“ на прес конференцијата на СДСМ

by А1он15/06/2016 - 15:2793
Share0

Станува крајно невкусно и политички лицемерно од страна на една политичка партија да користи паушални и непроверени сознанија од „чаршијата“, поврзани со работата на РЕК„Битола“ а посебно со здравјето и безбедноста на вработените во комбинатот, исклучиво за добивање на ситни, дневно политички поени. Нагласуваме уште еднаш дека сите работни процеси се одвиваат и реализираат според строго утврдени организациски и оперативни планови и востановени протоколи.

Добивај вести на вибер

Процесот на работа во РЕК„Битола“, поради неговата техничко технолошка сложеност, секогаш е поврзан со одредени ризици од повреди на работно место, па затоа во комбинатот стриктно се применуваат законите за безбедност и здравје на работното место и прописите за задолжително носење на неопходни заштитни средства при работењето. Исто така, во РЕК„Битола“ работаат две амбуланти со лекар и медицински персонал, а во функција се и две најсовремени теренски возила за итна медицинска помош. Секоја повреда на работно место, задолжително се регистрира од надлежните служби во комбинатот и се постапува согласно законската регулатива за таа област. Во таа насока, можеме да кажеме дека во изминатиот период, во РЕК„Битола“ не е евидентирана повреда на работно место, поврзана со настаните кои се изнесени на предметната прес конференција. Постои само евиденција за три работници од фирма изведувач, кои сами се јавиле во амбулантата поради проблеми со дишењето, и кои со возило за итна медицинска помош во сопственост на комбинатот се испратени во клиничкиот центар во Битола.

На крајот, сакаме да истакнеме дека, во досегашното 40 годишно работење на комбинатот, имало повеќе настани од кои неколку и со трагичен исход, но на никого досега не му паднало на памет нив да ги користи за политичко профитирање. Се надеваме дека конечно некои партии ќе престанат да го користат РЕК„Битола“ секогаш кога ќе им недостасуваат нови свежи идеи, и ќе ги остават вработените во комбинатот непречено да си ги извршуваат секојдневните работни обврски.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен