Центар: Чавков ја блокира општината

Од:

Седум улици на територијата на општина Центар, за кои се’ е подготвено, чекаат да почне да се работи на нив поради „кочницата“ од МВР.

Два месеци општина Центар чека одобрение за времен режим на сообраќај од министерството. Проектите се готови, завршена е и набавката и сега се чека МВР да ги издаде одобренијата за улииците за кои граѓаните реагираат. Дел од нив се многу стари и оштетени и се опасност по безбедноста на пешаците и возачите.

Одобренија за времен режим на сообраќај се бара за прекоп на „Орце Николов“, „Партение Зографски“, „Адвокатска улица“, „Адолф Циборовски“, „Наум Наумовски Борче“, „Коле Неделковски“ и „Коста Веселинов“.

Со претходното раководство на МВР, одобренијата се добиваа за неколку саати. По неколкуте ургенции на надлежните од општина Центар, кај одговорните во МВР, им било одговорено дека имаат наредба од Влада прво да се завршат владините проекти.

Општина Центар бара од министерот за внатрешни работи Чавков, неговите службеници да имаат неселективен пристап и да не се кочи и блокира работата на општината.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец