„Студио Џоб“ ја претстави својата верзија на енетеријер декориран со уникатната колекција на тапети „Аркајвс“, која е добитник на меѓународанта награда за дизајн „Elle Decoration“ за 2015 година (ЕДИДА).
Импресивните дезени се креирани за холандската копманија „НЛХЛ“ која е позната по производството на тапети чии мотиви не се повторуваат.
– Чистиот бел ѕид позади сликите е идеја родена во модернизмот. Во 17 и 18 век не било необично уметноста да се претставува на нацртани тапети од свила. Да го кажам тоа на друг начин: со овие тапети на вас сликите повеќе не ви се потребни. Во таа смисла, гледано по метар квадратен, ова е уметност за мали пари, истакна дизајнерот.